Motherhood

7 чекори за одвикнување од пелените

Некои мајки се решаваат да останат дома и по цела недела како би започнале своето дете да го одвикнуваат од пелените, додека други пак тој процес се обидуваат да го влкопат во својот секојдневен живот. Изборот е ваш, но одредувањето рок за тоа може и вам и на детето да ви создаде притисок.

Одвикнувањето од пелените е процес кој бара трпение и организација.

Мал е бројот на деца кои можат да се одвикнат од пелените за неколку дена. На останатите им требаат недели, па дури и месеци – што е многу, да не речеме премногу долго време за да го ставете својот живот во чекање.

Клучната ствар е организацијата. Ако вашето дете секогаш знае каде е шолјата или WC, било да сте дома или надвор, поголема е шансата дека ќе ги користи.

КАКО ДА СЕ ЗАПОЧНЕ?

1. Облечето го детето со гаќички и алишта кои може лесно да ги соблече, каде и да се наоѓа.

2.Воведете вообичаена навика да седи на WC шолјата. Изборот на точно одредениот момент, како што е на пример, веднаш наутро, по оброкот, пред да излезе надвор, пред да се вози во автомобил или одење на спиење.

Како алтернатива, можете да го седнувате на нокшир во редовни интервали, на пример на секои 40 минути.

3. Помогнете му да се опушти додека седи на нокшир со читање на книга, пеење на песничка или разговарање.

4. Не терајте го да оди на какање. Ако вашето дете одлучи да стане од нокшир а притоа не извршил нужда, пофалете го затоа што се обидел.

5. Кога ќе успее првпат да се измочка или искака во шолјата, пофалете го многу – некои мајки на своето дете дури му даваат и некој симболичен поклон.

6. Имајте во предвид дека може да се случат и некои несакани незгоди. Не казнувајте го поради тоа и имајте секогаш подготвени алишта за пресоблекување.

7. Миењето раце нека му стане навика по одењето во WC, со некој обоен сапун ставен веднаш до мијалникот.

Напиши коментар