← НАЗАД НА БОЗА

7 НАЈГОЛЕМИ street style трендови во овој момент!

7 НАЈГОЛЕМИ street style трендови во овој момент!
92 Читања

По FW изданијата не можеме да поминеме без street style извештај – кого видовме, што доминираше од трендовите и кои додатоци веќе се истакнаа како must.

Во овој извештај ќе обрнеме внимание врз седумте најголеми street style трендови кои се издвоија во морето на оние што ги имаме забележано на улиците на модните метрополи.

Должината се скратува (и скратува …)

Некогаш одамна, во 60-тите,мини здолништата беа симбол на борбата за родова еднаквост, сексуалната револуција и младоста воопшто. Денес тие се повторно во тренд и одговор на миди и макси, кои во последните неколку сезони  ги отстранија од тронот.

Мини здолништа се некако природен одговор на силен и моќен #metoo момент во кој сите ние се сеќаваме на оние 60-тите години, кога целиот свет се сврте кон феминизмот и правата на жените. На пистата мини здолништето владееше кај LV, Chanela, Stelle McCartney, додека на улиците се забележуваше во форма на модел со животински принт, кожа, тексас и превртена кожа.

Back to black

Секој коментар овде е излишен – црната е владетел кај повеќето street style дами, и генерално модниот свет. All black поминува секогаш, тоа е гаранција и посебна карактеристика на голем број модни луѓе. Без разлика дали станува збор за Тул LBD фустанот, кожниот комбинезон, асиметричното здолниште.

Groovy, Baby

Хипи стилот од седумдесеттите и шеесеттите години сѐ уште е модерен, со тоа што сега е многу позабавен и поопуштен. Ние ќе го носиме во форма на кафтан, чизми од превртена кожа со боја на камила, бохо џемпери, цветни фустани и лелеави панталони.

Неон

Некои го нарекуваат овој тренд и “ефект на прада”, но неонските модели ги преплавија улиците на Њујорк, Милано, Лондон и Париз, и ако размислувате кога е вистинското време да носиме неон, имаме само еден одговор: СЕГА!

Елеганција за секој ден

Свилена, малку подолга наметка во боја на песок + сивкасти малку подолги панталони со ѕвонести ногавици со кафеав џемпер од кашмир денес им оставаат подеднакво силен впечаток на сите исто како и светкавиот фустан. Секојдневната мода стана толку елегантна што го надмина оној практичен дел. Ова не треба да нè изненади ако знаеме дека денес ни требаат модни формули кои ги комбинираат дневните и вечерни опции.

Женствени фустани како од бајките

Rodarte и Simone Rocha се совршен пример дека женствените фустани и лелеавите кроеви никогаш нема да излезат од мода. Едноставно, убавиот фустан никогаш нема да излезе од мода и ова е основата што треба да ја научите. Затоа што не постои жена која не сака да носи princess фустан со  многу тулови, карнери, puf ракави. Барем еднаш во животот. Во текот на FW, овие модели дамите ги носеа со рамни чевли, имајте го тоа во предвид.

Новата црна е ANIMAL PRINT

Кога не знаете што да носите, изберете детаљ со animal print и ќе успеете! Ова е трендот што доминира. Бидете подготвени да го носите принтот во најлудните можни комбинации на бои, како што се неонско зелена и неонско сина.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk