← НАЗАД НА БОЗА

8 ПРАВИЛА НА СРЕЌНИТЕ СЕМЕЈСТВА: многу прегратки, смеа и игри, избегнувајте расправии

8 ПРАВИЛА НА СРЕЌНИТЕ СЕМЕЈСТВА: многу прегратки, смеа и игри, избегнувајте расправии
62 Читања

Психолозите тврдат дека за среќно семејство и здравјето на нејзините најмлади членови е неопходна семејната традиција.

Тоа не мора да биде никаков церемонијален обичај, туку забавна рутина која се повторува секој ден, еднаш неделно или годишно.

Малите семејни ритуали кои ги восхитуваат децата можат да бидат заедничкото печење на колачи, месечни екскурзии во природа или заедничко одење во кино или продавница, а заедничкиот оброк е нешто што би требало да се подразбира.

Клучот е во стабилноста што на децата им треба за да се чувствуваат безбедни и заштитени.

Еве ги „состојките“ кои го прават семејството секогаш среќно.

-Што повеќе прегратки. Со допирот се пренесува поврзаноста и се изразуваат љубовта и поддршката.

-Не ги оптоварувајте вашите деца. Многу родители им наметнуваат на децата пет или шест активности надвор од училиштето, со што се создава непотребно притисок врз нив. Оставете им време за игра.

-Без брачни расправии. Иако понекогаш е неизбежно, премногу кавга има негативно влијание врз детето. Избегнувајте ги кавгите и подигнувањето на тонот кога разговарате со детето и обидете се да не се расправате со вашиот партнер кога детето е присутно.

-Заеднички приказни. Кога детето ќе се врати од училиштето, прашајте го каков му бил денот. Наместо да ја поминете вечерта гледајќи телевизија, обрнете му внимание и разговарајте со него.

-Не ја занемарувајте љубовта. Многу родители ги ставаат децата на прво место, а забораваат на бракот и на односите со својот партнер. На децата треба да им бидете пример и да им покажете како изгледа врска полна со љубов.

-Играјте се заедно. Тоа создава силни семејни врски и топли спомени. Сложувајте сложувалки, играјте друштвени игри, цртајте, гледање семејни фотографии …

-Не зголемувајте го тонот. На децата им треба тивко опкружување без стрес. Разговарајте со нив кога ќе направат грешка и секогаш со смирен глас објаснете им што не треба да прават.

-Смеата е лек. Хуморот ќе создаде позитивна атмосфера, па затоа смејте се колку што повеќе можете.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk