Дестинации

8 специјалитети кои морате да ги пробате во Италија

Дали има некој кој не ја сака италијанската храна? Така и си мислевме! Секој сака паста, на тој или на оној начин, пица, италијански сладолед … Што и да посакате, Италија нуди безброј гастрономски опции. Затоа ви предлагаме специјалитети кои треба да ги пробате кога сте во оваа земја. Се разбира, пицата е основна, па затоа сега ќе се фокусираме на некои други италијански јадења. Бидејќи, земјата на пастата ќе ви понуди јадења што не можете да ги замислите и кои се многу вкусни.

 

  1. Биголи

Мислевте дека шпагетите се вкусни? Тогаш не сте се ги пробале биголите, шпагети, кои се специјалитет на Венеција, а ги карактеризираат подебели тестенини како што се млинците кои најчесто се подготвуваат во микс со патка.

 

  1. Риболита

 

Оваа “зимска” супа, кој потекнува од Тоскана, сите ја обожуваат. На вас останува со што ќе ја подготвите, но традиционалниот рецепт подразбира мешавина на зеленчуци (главно зелка и домати), грав и стар леб. Ако сакате, можете да додадете месо или риба, но ако сакате да се држите до оригиналниот рецепт, тогаш не ги додавајте. Многу погодно јадење после долги прошетки.

 

  1. Риси е биси

 

Риси и биси подразбира ориз и грашок. Ова јадење не е нешто софистицирано, но е многу вкусно. Состојките се варат во супа од зеленчук, што резултира со избалансиран, лесен и омилен оброк меѓу вегетаријанците. Убедени сме дека вашите мајки некогаш приготвуваат вакво или слично јадење, нели?

 

  1. Тротелини ен Бродо

 

За многу семејства во северна Италија, Тортелини ен Бродо е задолжително јадење за секоја прилика. Се служи во крем сос наросен со ситно сецкан пармезан.

 

  1. Канедерли

 

Тие се направени од пченичен леб, јајца, млеко и месо. Овие зачинети топки се преливаат со бистра супа. Тие се слични на нашите ќофтиња, само со помалку месо.

 

  1. Осо буко ала Миланезе

 

Ако треба да пробате чинија со месо во Италија, нека биде Осо Буко. Нема да може да одолеете на телешкото месо кое се вари во вино.

 

  1. Качуко

 

Доколку сте личност која не ја сака рибата, Качуко сигурно ќе го промени тоа. Зачинета морска храна се поврзува со местото Ливорно, а школките, раковите и октопод во сос од домати се нешто што ќе ве фасцинира.

 

  1. Фокакиа ди реко

 

Едноставен рецепт наречен Гокакиа е ароматична погача која оди одлично со маслиново масло и сирење.

Напиши коментар