← НАЗАД НА БОЗА

8 здолништа за сите генерации: Издолжете ја фигурата и заблескајте како Меланија

8 здолништа за сите генерации: Издолжете ја фигурата и заблескајте како Меланија
173 Читања

Лелеавите летни здолништа ги замениле елегантите модели кои ја следат линијата на телото -и им прилегаат на сите генерации.

Во ерата на удобна облека, памучни тренерки и како пердув лесни патики, е вистинско чудо што ниедна жена не сака облеката да ја сопнува, во шега за кратките здолништа искоментира американскиот дизајнер Ралф Лорен.

Со своите 87 години и огромна кариера во модната индустрија – што беше обележано на неодамнешната модна Недела одржана во Њујорк – е сигурен сведок како се менуваа начините и стиловите на облекување. Затоа може да му се верува кога вели дека современата мода е најмалку дамска од сите досега постоечки.

Но, и покрај тоа што и сам креира лелеави здолништа од тул, во секоја колекција има и модели кои ја следат линијата на телото, за клиентките кои по должност или по свој избор се облекуваат елегантно – за американската прва жена Меланија Трумп, британската адвокатка Амал Клуни, холивуската актерка Кејти Холмс …

Кратките здолништа – за разлика од плисирани, звонести и набрани – визуелно ја издолжуваат фигурата, а поради тоа што се сошиени од цврсти материјали (да не се изгуби формата), донекаде и ја обликуваат. Освен тоа, во нив мора да се чекори со мали чекори, па ако уште со нив се носат високи потпетици, целиот впечаток е многу женствен. А да не изгледате премногу предизвикувачки, или дури и вулгарни, треба да носите модели со “вистинска големина”: ако ткаенината на колковите се собира, а рабовите се напнуваат, време е за поголем број.

Но, без оглед колку елегантен бил, овој тип на здолниште можат да го носат и оние што сакаат лежерен стил на облека – доволно е свилената кошула да се замени со широк џемпер, а салонките со оксфордки, кои се носат со чорапи.

Тоа е омилената комбинација на американските манекенки, сестрите Хадид, а на модната писта беа презентирани од дизајнерите Том Браун, Карл Лагерфилд за Фенди и Миучија Прада, креативната директорка и сопственичката на куќата Прада.

Но, ниту овој стил не е оригинален – на тој начин елегантните здолништа се носеа во 30-тите и 40-тите години на минатиот век. Од тој период е ‘позајмена’ и должината до половина листови, типична за овосезонските модели. Но, таа најдобро им прилега на високи жени, а пониските од 170 сантиметри нека купат здолниште со должина до средина, или малку под колената.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk