Туристичка организација во Шкотска објави водич од 36 страни за љубопитни туристи објаснувајќи каде се наоѓаат сите 60 локации низ целата земја .
VisitScotland ја објави новата брошура со наслов TV Set in Scotland за да се одбележи 130-годишнината од раѓањето на Джон Берд, инженер и изумител на телевизијата.
Па сега можете да ги посетите местата каде што се снимени познатите серии и филмови како Downton Abbey, The Crow Road, Eastenders и многу други. Исто така има и хитови кои сигурно ќе бидат најмногу интересни за туристите, како што се Outlander, Harry Potter и Skyfall.

Не треба да ве изненади фактот што најмногу филмски креации ја избрале дивата Шкотска за нивната сценографија. Покрај тоа, читателите на USA Today ја избраа Шкотска за најдобра филмска дестинација на светот во 2015 година.
Шкотска од филмовите и сериите, во 2017 година заработила 100 милиони фунти што е за 30 милиони повеќе од претходната година.

