← НАЗАД НА БОЗА

Ако сте прв пат во Италија, еве каде треба да јадете, да пиете вино и кафе и кои места морате да ги видите

Ако сте прв пат во Италија, еве каде треба да јадете, да пиете вино и кафе и кои места морате да ги видите
32 Читања

Кога сте во Италија, запомнете го советот на луѓето кои често патуваат таму.

Неколку туристи кои редовно ја посетуваат Италија ги споделија своите искуства и совети за оние кои никогаш не биле во земјата на тестенини и добро вино.

Еден од првите совети е поврзан со виното, а искусни туристи ве советуваат секогаш да пробате домашно вино и тврдат дека секогаш ќе биде со одличен квалитет што нема да го добиете ако земете комерцијални вина. Задолжително пробајте домашно вино.

Освен дегустација на локалното вино, се препорачува да пробате и локални јадења од тој дел на земјата.

Искористете ги предностите на Google или прашајте ги вашите домаќини што јадат во тој дел од земјата и уверете се како изгледаат пицата, шпагетите и сличните јадења кога се направени од страна на Италијанецот.

Проверете дали музеите имаат ден кога влезот е слободен и обидете се да најдете време да ги посетите сите музеи кои имаат неколку часа слободен влез.

Локалните жители ќе бидат среќни ако се обидете да зборувате италијански со нив, па затоа се препорачува да ги научите основите на овој јазик.

Обидете се да пешачите што е можно повеќе, да се изгубите во градот и на тој начин да го доживеете на посебен начин. Прошетајте низ малите улички и барајте скриени места.

Ова искуство нека ви биде незаборавно.

Постојат неколку правила за наоѓање на најдобриот ресторан кои што велат никогаш да не јадете на места со мулти-јазично мени, бесплатно WiFi или климатизација.

Исто така, не јадете каде туристите имаат посебно мени, се препорачува да побарате ресторан подалеку од центарот и да се распрашате каде домаќините јадат и посетете го истото место.

Никогаш не одете во Италија во август, тогаш е жешко и сите Италијанци се на одмор и има многу затворени ресторани и продавници. Идеалното време за посета е мај, јуни, септември и октомври.

За крај, тие препорачуваат да прошетате низ градот кој го посетувате ноќе, затоа што тогаш изгледа многу поразлично и многу поромантично.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk