
Alberobello е љубов на прв поглед. Тоа е патување во времето, придружено со магија, бегство и крај.
Еден од најживописните замоци во јужна Италија, сместено во провинцијата Бари на 428 метри надморска височина. Во преводот од италијански името му значи “убаво дрво”. Сепак, градчето не е познато по дрвата, туку по невообичаените куќички, кои изгледаат како да се направени од хобити. Поради невообичаените предели и уникатната архитектура, Alberobello секоја година има илјадници туристи од целиот свет.
Градчето е под заштита на УНЕСКО, а како опис за куќичките во прирачникот на организацијата стои “импресивни примери на сува архитектура во праисториски стил, кој продолжува да се користи во овој регион. Куќичките се направени од необработени камења на варовник.”
Најзабележителниот дел од изградбата на куќичките е покрвот. Со конусна форма, направен од два слоја, внатрешниот слој е направен од големо парче варовник, а внатрешноста од плочи од варовник.
Денес, во 21 век, повеќето жители од градчето не живеат во овие куќички. Освен прекрасно сочуваните антички куќички (околу 1500+ на број), во градчето можете да најдете доста продавници за сувенири, ресторани и секако постои можност за ноќевање во градчето.
Колку чини ноќевањето во овие куќички?
Има различни видови на куќички, од рустикални до таквите кои имаат приватен базен. Цените варираат во зависност од сезоната.
На пример: ако закупите куќичка со базен во јули цената за една недела ќе биде 2.449 евра, но ако одите во октомври, под истите услови ќе изнесува 1.290 евра. Повеќето од куќичките можат да згрижат и до 10 луѓе.
Кога е најдоброто време за патување?
Како најсовршено време за патување во Јужна Италија е пролетта (април-јуни) и есента (септември-октомври). Во текот на овие сезони цвеќињата и зеленилото во пределот се посебно волшебни, во пролетта, и богати со црвени и жолти нијанси во есента.









