← НАЗАД НА БОЗА

Амстердам – Нова година

Амстердам – Нова година
128 Читања

Традиционално патување, невидена веселба на улиците, половина Европа во најлибеларниот град …

По посетата на Минхен, престолнината на Баварска, познати по пиво, шопинг, индустрија и култура, доаѓаме во Амстердам, најлибералниот град во Европа. Ќе го обиколиме градот надолго и попреку, ќе ги видиме сите негови знаменитости и специфичности.

“Amstel” и “Heineken”, кафулиња, (High times in Amsterdam!), “Red Light District”, велосипедисти, канали, несекојдневни населби, недопрена архитектура од XVII век, музеите Ван Гог и Ријкс, куќата на Ана Франк, првиот геј споменик на светот … Необична приказна за едно патување низ просторот и времето. А каде? Во епицентарот на светот, најслободниот град во Европа, во Амстердам!

Ослободена насмевка. Одиме во центарот на настаните, Leidseplejn со пабови, кафулиња, смарт шопови, дискотеки и илјадници млади од целиот свет. Сето тоа буквално штом излезете од хостелот!

Крстарење по каналите, како што би кажал Холанѓанецот: “Кој не крстарел по каналите, исто како да не бил во Амстердам”. Амстердам од втората перспектива! Екскурзија до престолнината на Холандија – Хаг, Шевенинген и излез на Северно Море, во посета на палатата на ОН и Трибуналот, и за крај во градот Ротердам, градот на модерната архитектура (Куќата коцка – симбол на градот).

Турнејата до Зансе Шанса ја вклучува посета на традиционалното холандско село, ветерниците, фабрики за познатите холандски сирења и  работилници во кои рачно се изработуваат кломпи, по што Холандија е позната.

 

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk