← НАЗАД НА БОЗА

Архаично модерно осветлување од сол и керамика

Архаично модерно осветлување од сол и керамика
172 Читања

Можеме да замислиме многу видови на материјали што се користат за создавање на мебел, осветлување и останатите делови на ентериерот …

Сепак, меѓу сите нив, тешко да се најде некој кој ќе ја искористи солта, што останува сосема неочекуван феномен во дизајнот на ваквите елементи за домаќинство…

Колекцијата Archaic Modern Light се состои од три вида на лустери, создадени од месинг, керамика и хималајската розева сол, во луда и сосема неверојатна комбинација, која сите корисници и потенцијални клиенти ќе ги остави без здив.

Калифорнијското студио Brave Matter користеше едноставни форми и комплетно нови материјали за да ги создаде овие парчиња за осветлување, со неколку придружни декоративни елементи, со цел да се евоцираат древните артефакти.

A/M Orb лустерите поседуваат степенести дифузери во форма на топки, создадени од керамика поставена на диск од месинг, опкружен со розева хималајска сол, фиксирана на тенките плетени цевки изработени од месинг.

А/M Pendant Small има слична конструкција, иако доаѓа со трапезоиден дифузер кој наликува на саксија за цвеќе превртена наопаку. Дното на овој дифузер е целосно откриено, овозможувајќи му на лустерот да служи и како функционално работно светло. Светлечкиот блок сол во горниот дел од лустерот додатно обезбедува совршено амбиентално светло.

Хималајската розева сол служи за пријатно затемнување на фотоните, поставени во спротивната оска од LED технологијата поставена под неа.

Дифузерите на лустерите се создадени од глина богата со минерали, влеана во калапи и потоа обложена со посебни бои, достапни во неколку нијанси, од мов и боја на вино, до преубава тера розева. Ц

елиот исход од процесот на изработка и боите на моделите од новата колекција се создадени за да донесат лесен, весел и комплетно природен дизајн во вашиот простор.

Третиот дизајн е Sender One, столна ламба направена од кристали од сол, внимателно наредени и нанижани на месинганите елементи. Солениот диск и металната конструкција совршено соработуваат во тандем и и овозможуваат на оваа ламба да биде поставена под различни агли.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk