Здраво тело

Аспиринот го намалува ризикот од рак на грлото на матката

Земањето аспирин еднаш дневно го намалува ризикот од настанувањето на ракот на грлото на матката, покажало американското истражување.

Жените кои земале аспирин седум или повеќе пати неделно имале 47 отсто помал ризик од појава на рак на грлото на матката, покажуваат резултатите на истражувањето спроведено на Институтот за истражување на рак „Розвел парк“. Истражувачите наведуваат дека резултатите биле исти без оглед на должината на траењето на терапијата.

Во истражувањето учествувале 328 пациентки со цервикален карцином (рак на грлото на матката) и 1.312 пациентки од контролната група, кои ја немале оваа болест. Сите пациентки биле спарени според годините.

Речиси сите видови рак на грлото на матката ги предизвикува хумано папилома вирус (ХПВ) кој најчесто се пренесува во текот на сексуалниот однос.

Најчести симптоми на ова заболување се вагиналното крвавење кое може да се појави по сексуален однос, во период меѓу две менструации или во период на менопауза.

Напиши коментар