Интересни мини баклава пици за вистинско уживање.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
кори за баклава
ЗА ФИЛ:
120 грама сирење
Сувомеснато по желба ( кулен … )
Варено пилешко месо (или по Ваша желба )
120 милилитри сос од домати
1 мала лажица оригано
½ мала лажица лук во прав
1 мала лажица сув босилек
Малку шеќер
1/2 мала лажица сол
пармезан
ПОДГОТОВКА:
Филот за полнење на пица баклавата оформете го од состојките кои се понудени ( Вие можете да употребите плус состојки по Ваш вкус)
Оформете нова кора 2 до 3 кори за за баклава. Така оформената кора исечете ја на коцки секоја нова оформена кора. Секоја ново-оформена коцка кора наполнете ја со претходно приготвениот фил. Секоја пица-баклава премачкајте ја со масло, насипете рендан пармезан и печете во тава на која претходно сте ставиле хартија за печење.
За тоа време загреј те ја рерната на 230 степени Целзиусови и печете од 10 до 15 минути.
Сервирајте со кисело млеко или павлака.
Уживајте!!!