Иритацијата на кожата понекогаш изгледа страшно, особено кога не сме сигурни што предизвикува црвенило и осип. Понекогаш причина за иритација може да биде козметички производ кој не одговара на нашиот тип на кожа, а понекогаш и погрешната комбинација на различни производи може да предизвика осип.
Ако се појави иритација, не паничете. Едноставно следете ги следниве чекори:
- Темелно исчистете го лицето
Исплакнете го лицето со неутрален производ за миење, што ќе ги отстрани сите остатоци од производот што предизвикале иритација.
- Нанесете го кремот
Ако вашата кожа е црвена или иритирана, нанесете крем што ќе ја смири. Но, ако се појават и акни, консултирајте се со дерматолог.
- Хидрирајте ја кожата
Ако воспаленото место почнува да отекува, тоа е знак дека на кожата му треба хидратација. Многу е важно да нанесете хидрантен крем неколку пати на ден со цел да го регенерирате воспаленото место.
- Ако состојбата се влоши, контактирајте се со дерматолог
Ако ниту една од наведените не помага и иритацијата се влошува, обавезно не заборавајте да контактирате со дерматолог кој ќе ви ги даде најдобрите совети и соодветна терапија!