Убавина

Beauty трендови во духот на претстојната празнична еуфорија

Празничното време е пред вратата, а со него и новите beauty трендови, кои ќе ги користиме како дел од секојдневната make-up рутина, или како дел од посебни пригоди.

Овогодинешните holiday make-up трендови тргнаа во поелегантна насока. А еве ги и најпопуларните make-up трендови што ќе направат да изгледате гламурозно во секоја празнична пригода!

Носете highlighter на очните капаци

Highlighter-от ќе му додаде доза на сјај на вашиот eye look. Покрај тоа што совршено се совпаѓа со секоја нијанса на сенка, ќе му даде на вашето око одморен изглед.

Темно розев кармин

Боја која е потполно во празничен дух и ќе се вклопи со секој тен. Студените подтонови на оваа нијанса на кармин, ќе ги направи вашите заби да изгледаат побели, а усните посензационални.

Металик лак за нокти

Впечатлив детаљ на вашите нокти оваа сезона ќе биде металик лакот за нокти, кој нема потреба од дополнителни светки и декор, а вие сепак ќе имате  нокти во духот на празниците.

Write A Comment