← НАЗАД НА БОЗА

Бебето треба да спие со мама до 3 годишна возраст

Бебето треба да спие со мама до 3 годишна возраст
220 Читања

Бебињата треба да спијат заедно со своите мајки до навршувањето на 3 годишна возраст тврдат експертите во областа. Набљудувајќи го сонот на новородените деца педијатрите забележуваат дека бебињата сместени во посебно креветче имаат неспокоен и немирен сон, во споредба со оние кои заспиваат во прегратките на својата мајка.

Педијатрите велат дека бебешките срца се изложени на поголем стрес кога спијат разделени од својата мајка. Освен тоа кога мајката не спие заедно со своето бебе врската помеѓу нив се нарушува, како и психичкиот развој и здравје кај детето. Експертите тврдат дека ова ќе предизвика проблеми во однесувањето и поведението на детето подоцна.

Д-р Нилс Бергман од универзитетот во Кејптаун препорачува новородените да спијат на градите од својата мајка за да ја чувствуваат нејзината топлина и срцева активност особено првите неколку седмици од својот живот. Според него тоа е гартанција и услов за добар развој на малото. После тоа до навршување на 3 години бебето треба да спие на ист кревет со својата мајка.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk