← НАЗАД НА БОЗА

Бесплатно гледање на филмските хитови на мрежата на YouTube

Бесплатно гледање на филмските хитови на мрежата на YouTube
65 Читања

Со реклами, се разбира. И за сега само во САД.

Видео мрежата на YouTube им понуди на корисниците во САД, а се очекува понудата да биде проширена и за другите земји, да гледаат постари филмски хитови и познати класици бесплатно, но со прикажување на реклами.

На овој начин, YouTube сака да ги привлече корисниците да почнат да користат некои од своите платени услуги, кои не содржат реклами и дозволуваат гледање филмови, серии и оригинални продукции на YouTube.

Каталогот на филмови ќе се ажурира постојано, со промена на содржината во согласност со сезоната и понудата на компаниите со кои соработува YouTube.

Уште сега на листата се филмските хитови како серијалот Матрикс, Терминатор, Роки, Правна блондинка, 50 први состаноци и многу други. Во моментов, на гледачите им се достапни околу 100 филмови.

Најновиот додаток на каталогот е, како најава за продолжението што наскоро ќе пристигне,филмот Lego Movie, кој гледачите на сајтот на YouTube можат да го гледаат бесплатно, но нема да бидат прекинати со реклами.

YouTube и Warner Bros Pictures се согласиле да гледаат на филмот како на реклама, кој најверојатно ќе претставува рекорд за времетраење на една реклама – околу 100 минути.

Ќе видиме дали филмот ќе биде ограничен за американскиот регион или достапен во светот и во Македонија.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk