Cafe Del Mar

Без гладување: Ефикасна диета за секој облик на тело

Обликот на телото ќе ви открие што да јадете за да го изгубите вишокот килограми и да останете здрави.

Коцкаста градба

Овој облик на тело го карактеризираат тесни колкови и недефинирана половина. Иако вашите шанси дека ќе се здебелите се помали, треба во исхраната да вклучите производи со здрави маснотии (авокадо, бадем, лосос) како и растителни протеини. Без оглед на тоа колку сте тенки, важно е да се храните здраво и да избегнувате слатки и брза храна.

Градба во облик на јаболко

Доколку имате ваков облик на тело, килограмите ќе ви се таложат на стомакот, поради што за вас идеално е да јадете почести, но мали оброци. Исто така, не заборавајте на производи кои се богати со влакна, зеленчук, витамин Ц и млечни производи.

Градба во облик на крушка

Вашето тело го карактеризираат широки колкови, а токму таму најмногу се „лепат“ килограмите. Консумирајте месо, риба, јајца, млечни производи и храна со висок процент на протеини. Овошјето како што е лубеницата и ананасот е одлично за вас, бидејќи ги отстранува токсините кои го забавуваат вашиот метаболизам. Избегнувајте пресолена храна и преработени производи.

Песочен часовник

Овој облик го карактеризира недостиг на мускули. Исто така, жените со ваков облик на тело се склони кон висок крвен притисок и шеќер во крвта, па затоа е препорачливо да се консумираат производи со низок гликемиски индекс и пет до шест помали оброци на ден.

Консумирајте повеќе свежо овошје и зеленчук, здрави маснотии и немасни протеини. Избегнувајте преработена храна и храна полна со конзерванси.

Write A Comment