Убавина

Без витамин Ц брзо се старее! 4 пати побрзо!

Четири пати побрзо стареат клетките ако во нив нема доволно витамин Ц, според последното јапонско истражување. За ова сведочат објавените резултати на јапонските научници од Институтот по геронтологија и Универзитетот за медицина во Токио. Со помош на анализи на генетска основа тие откриле дека ако витаминот Ц во организмот е недоволен, тоа води до мутации и го зголемува ризикот од различни болести, а што се однесува до стареењето го забрзува 4 пати.

По правило, препорачаната дневна доза витамин Ц е 60 мг, а таа може да се постигне сосема доволно со консумација на овошје и зеленчук, на природен и правилен начин. Најбогати со овој витамин се, секако дека знаете, ама еве ќе повториме, за убавината се работи – сите цитруси, вишните, црешите, малините, доматите, пиперките, спанаќот и многу други.

Write A Comment