
Трендовите за убавина, исто како и модните, се менуваат од сезона во сезоната. Меѓутоа, постојат и оние кои никогаш не паѓаат во заборав. Овие трендови за убавина го носат статусот безвременски, а посебно добро изгледаат кога се комбинираат заедно.
- Црвен кармин
Црвената важи за најсензуална и најпривлечна боја. Она на што треба да обрнете внимание е изборот на црвената нијанса. Идеален избор е ладната нијанса која ќе ги направи вашите заби побели, а вашие усни пополни.
- Црн eyeliner
Елегантната линија на горниот капак секогаш е добар избор, а подеднакво добро оди со сенки во силни бои како и со неутрална подлога во боја на кожата.
- Вештачки трепки
Кога ќе ја пронајдете должината и формата што ви одговараат, ретко кој настан ќе ви помине без вештачки трепки. Вештачките трепки ќе го отворат вашиот поглед, а формата на вашите очи во еден момент ќе стане заводливи како на мачка.
