Art & Crafts

Биберот ја чува бојата на облеката

Пред да ја пуштите машината за перење на алишта ако во детергентот додавате лажица мелен бибер или половина чаша сода бикарбона, ќе ја вратите живописноста на вашата облека. Сличен ефект може да се постигне и со додавање на половина чаша сол.

Со секое машинско перење, нашата облека станува малку избледена, и по некое време забележуваме дека делува “измиено”. Со помош на природните средства, поправете ги боите и вратете ја живописноста на омилените парчиња облека.

Обидете се така што ќе додадете неколку лажички мелен бибер или половина шолја сода бикарбона во машината за перење. Сличен ефект се постигнува со додавање на половина чаша сол во детергентот, и на овој начин исто така ќе се спречи испуштање на бојата на новата облека. Помага и една чаша бел оцет, кој исто така е природен омекнувач.

Напиши коментар