Cafe Del Mar

Бидете спремни за трчање зимно времe по снег

Трчањето зимно време може да биде предизвик исто како и трчањето за време на големите жештини. Тоа не значи дека треба да се откажете, бидејќи тоа може да биде и поефективно, само треба да знаете како да трчате правилно.

Секако дека трчањето зимно време ве соочува со снег, лед, ладен ветер како и снегулки во лице, но доколку ја имате вистинската опрема и ги следите советите за зимско трчање, истото може да биде многу ефектно, дури и многу корисно за вашето здравје.

Важни правила

Најважно е да сте добро опремени, да ви биде топло, удобно и да останете суви. Ако имате послаб имунитет сепак препораката е да вежбате во теретана додека не дојдат потопли денови. Во ваков случај можете да тргнете во прошетка по снежни шуми (преубаво искуство кое го буди духот и го зајакнува телото), а потоа постепено да преминете на џогинг.

Треба да имате на памет дека зимското трчање бара многу, бидејќи тука се снегот, ниските температури и влагата кои ве спречуваат. Кога температурата почнува да паѓа под нулата, време е да се преорганизираат трчањата и да се смени опремата.

Ако сте подготвени за зимскиот предизвик еве што ви е потребно

За жените е важно да имаат удобен спортски градник (но не оној кој премногу стега), како и добра спортска поткошула. Мажите мора да пазат и да носат удобни поткошули како и слоевито да се облекуваат.Не смеете ни да сте преоблечени, али бар оној дел на облеката кој е во директен допир со кожата мора да биде наменски, спортски – побарајте ги во квалитетни продавница за спортска опрема.

Ви треба и топла маица од квалитетна волна (која не “боцка”) или полиестер. Задолжително носете и спортски чорапи до колена. Наместо дебели тренерки носете тесни хеланки (да бидат топли и зимски), а преку маицата носете топла ама лесна ветровка. Можете да носите и лесна капа или ракавици, но внимавајте да не се испотите. На некои луѓе им е полесно кога ја користат самата капа од јакната (но заштитете го и вратот). Можете да носите и лесен шал за да се заштитите од ладниот воздух.

Сепак, најважен дел од трчањето се патиките. Треба да бидат водоотпорни, но удобни патики кои им дозволуваат на нозете да дишат. Исто така мора да имаат и квалитетен ѓон за да не се лизгате, за да не дојде до непожелни повреди.

Не заборавајте дека е важно на лицето да нанесете крема за сончање и балсам за усни.

Проблеми со ладниот воздух

Еден од најголемите проблеми моте да биде влијанието на ладниот воздух на грлото и белите дробови во текот на трчањето. Меѓутоа ни тоа не треба да ве загрижува.

Прво треба да се навикнете. Немојте веднаш да почнете да трчате. Почнете прво со одење и лесно дишење (пожелно преку нос) на рамен терен а потоа забрзајте го темпото, за да не се заморите брзо, да си го отежнете дишењето и да не се појават болки во грлото и белите дробови.

Со текот на времето ќе ви биде се полесно, но ако грлото ви е посебно чувствително, размислете да трчате со шал преку устата и носот или купете грејачи за на врат.

Кога температурите се прениски, наместо трчање одете во теретана.

Write A Comment