← НАЗАД НА БОЗА

Бијонсе драстично ја смени бојата на косата и најави нови beauty тенденции

Бијонсе драстично ја смени бојата на косата и најави нови beauty тенденции
36 Читања

И во доменот на убавината Queen Bey го прави она во што е најдобра – диктира трендови!

На престижниот фестивал Global Citizen во Јоханесбург, манифестација посветена на ликот и делото на познатиот Нелсон Мандела, настапи популарната дива Бијонсе со сопругот Џеј-Зи.

Во оваа прилика, таа не се откажа од декорираното боди и цветни чизми декорирани со светки. Сјаен и многу впечатлив – исто како самата дива, костумот соодвестуваше со нејзиното шоу и енергија.

Сепак, не пропуштивме промена во божествениот изглед на дивата.

Всушност, ѕвездата на хитовите “Halo”, “Formation” и “Crazy in love”, се збогува со златно-русите прамени и премина во бринета, сè уште инсистирајќи на природни и мали локни.

Бојата на косата е  приближна на нејзината природна боја, а преку овој вид на beauty избор, Бијонсе ни кажува дека таа го прифати трендот #natural со мали make-up интервенции.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk