Мојата кујна

Бисквит торта со бело чоколадо

Состојки:

1 литар млеко

4 ванила пудинг

12 лажици шеќер

200 грама бело чоколадо

250 грама путер

450 грама бисквити

Млеко 2 децилитри

2 кесички шлаг

100 грама сецкани лешници

Начин на подготовка:

Варете го пудингот  со шеќерот и млекото, додадете го белото чоколадо (претходно  стопено на пареа). Путерот се мати дури не стане кремаст, и постепено додајте фил и матете со миксер.Потоа се остава да се олади. Потопете ги бисквитите во млекото, наредете еден ред во плехот, одозгора премачкајте со филот, постапката  повторете   ја додека не го  потрошите материјалот. Оставете да отстои преку ноќ, а потоа декорирајте ја тортата со шлаг и сецкани лешници.

Напиши коментар