Фармерките се парче облека кое оди со се, но кое се носи во неформалните и лежерните прилики.
За вечера или свечена прилики обично изборот паѓа на фустан или сукња со кошула. Но време е за промени.
Фармерките се дел од нас и не можеме да се откажеме од нив, па дури и да се најдеме во ситуација каде што треба да се носи нешто свечено.
Затоа постојат разни начини да ги вклопите другите парчиња облека со фармерките кои вашиот стајлинг ќе го направат елегантен и модерен.
Блејзерот пак е совршено парче кое треба да го одберете кога бирате облека која оди со фармерките. Одберете таков кој не е многу формален, но сепак има доза на елеганција.
Ако си одбравте фармерки кои совршено се вклопуваат со вашиот блејзер, тогаш ви нудиме неколку комбинации кои се надеваме ќе ве инспирираат за следната прилика кога ќе треба да се дотерате.