Потребни состојки:
300 гр. мелени бисквити
150 гр. ореви
200 гр. маргарин
100 гр. чоколадо
250 гр. шеќер
4 лажици вода
25 ком. слатко од цреши
Начин на подготовка:
1. Шеќерот и водата ставете ги на оган за да се стопи шеќерот, откако ќе го тргнете од оган додадете го маргаринот и чоколадото.
2. Кога ќе се соединат се додаваат бисквитите и оревите
3. Направете топки и во секоја ставете по една цреша.