← НАЗАД НА БОЗА

Браунис, веќе може и самите да го подготвите

Браунис, веќе може и самите да го подготвите
189 Читања

Американската класика во вашиот дом …

 

Потребно е:

185 гр квалитетно чоколадо

125 гр путер

2 јајца

200 гр кафеав шеќер

1 лажиче екстракт од ванила

150 гр брашно

70 гр сецкани лешници (ореви, бадеми … по желба)

 

Подготовка

На пареа растопете ги путерот и чоколадата. Кога ќе се растопат, додадете ги претходно лесно изматените јајца и останатите состојки. Во четвртасто тавче за печење ставете хартија за печење и претурете ја смесата.

Печете 20 минути во претходно убаво загреана рерна на 180 целзиусови степени. Средината на колачот не треба да биде убаво испечена. Таа ќе се стврдне во текот на ладењето.

Испечениот колач оставете го убаво да се олади и сервирајте го исечен на коцки.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk