Art & Crafts

Брзи и корисни совети за убавина: 5 трикови со кои ќе ви трае подолго омилениот кармин

Секоја друга жена има проблем со својот кармин, односно, истиот не трае доволно долго или се размачкува за кратко време и тоа тогаш не изгледа убаво и заводливо.

Да не дојдете во таа ситуација, применете ги следните пет практични совети:

  • Мат, полу-мат и долготрајните формули на кармин траат подолго и имаат кремаста текстура која изгледа многу убаво. Затоа, како прво, изберете ги овие кармини.
  • Ако ставите малку тенок слој на течна пудра на усните, ќе добиете добра подлога за која ќе се фиксира вашиот кармин.
  • Кога нанесувате кармин, притиснете ги усните на хартија така што целиот вишок ќе се отстрани.
  • Понекогаш можете на крај да додадете малку пудра во прав, но имајте на ум дека тогаш вашите усни ќе бидат лепливи.
  • Секогаш користете молив за усни, со кој прво ќе ја исцртате устата, а потоа ќе ја пополните со кармин. Моливот прави бариера која го спречува карминот да се разлее на страна.

Write A Comment