Ви се јаде нештo благо и брзо?
Состојки:
120 гр. шеќер во прав
300 гр. слатка павлака за шлаг
екстракт од ванила
250 гр. сирење маскарпоне
Бисквити
Чаша со јако црно кафе
Подготовка:
Во сад ставете го шеќерот во прав, додајте ја слатката павлака и се заедно добро разматете.
Мешавината од сирење маскарпоне и екстрактот од ванила истурете го во претходно направената смеса, и се заедно добро измиксајте. Бисквитите искршете ги на половина, натопете ги во кафе и ставите ги во чаша. Откако ќе ја ставите смесата во чаш на врвот посипете со темно чоколадо.
На здравје!