Cafe Del Mar

Брзo одење – “убиец на калории”

Сакате да се ослободите од вишокот килограми, но сте противник на диети? Сакате да бидете физички активни, но исцрпувачките вежби не се за вас? Ова е решението – брзо одење.

Брзо одење е многу популарно во светот, а причините се следниве:

– Ова е тип на физичка активност која, со трчање, скокање јаже и возење велосипед, најбрзо го троши вишокот на калории: за 60 минути и 10.000 чекори, можете да поминете околу седум километри и ќе согорите до 500 калории.

– Истражувањето на Универзитетот Харвард покажа дека 30 минути пешачење секој втор ден значително го намалува ризикот од срцев удар.

– Ова е одлична превенција против разни болести: висок шеќер, остеопороза, артритис, висок крвен притисок и депресија.

– Студиите покажаа дека жените кои редовно пешачат имаат помал ризик за развој на остеопороза за дури 30 проценти.

– Ова е евтина рекреација: потребни се само удобни патики, шорцеви или тренерки.

Еве уште неколку совети во врска со брзото одење:

– Доволно е да го практикувате овој спорт три пати неделно, најмногу секој втор ден.

– Еднаш или два пати неделно поставете си предизвик на надминување на различни терени, бидејќи со одењето на нерамни површини, дополнително ги оптеретувате вашите мускули што ќе придонесе за нивно обликување, но исто така и зголемување на согорените калории.

– Ако сакате да го забрзате слабеењето, не одете секогаш со исто темпо, туку менувајте го темпото на секои пет минути, на пример.

– Почетниците не треба да одат брзо подолго од 15 до 20 минути на ден.

– Постепено зголемувајте го времетраењето и фреквенцијата на одење на 45 до 60 минути дневно.

– За подобри ефекти се препорачува поинтензивно темпо на одење, односно брзи и кратки чекори проследени со брзо и отсечно движење на рацете.

Напиши коментар