← НАЗАД НА БОЗА

Брзо се верија и уште побрзо раскинаа!

Брзо се верија и уште побрзо раскинаа!
62 Читања

По само пет месеци романса, пејачката и комичарот се разделија.

Пејачката Ариана Гранде (25) и комичарот Пит Дејвидсон (24) “издржаа” пет месеци, пред да одлучат сепак да раскинат, велат американските медиуми. Тие се верија по само четири недели романса, а предвидувањата на многумина дека овој однос нема да трае, се чини дека се остварија.

Извори од двете страни велат дека парот ја раскина веридбата, бидејќи “не било вистинското време за нив”, како и дека пејачката сака да се фокусира на себе по турбулентните настани што се случија во изминатата година.

Прво преживеа хорор на концертот во Манчестер, кога терористичка бомба уби многумина од нејзината публика, а во септември оваа година се предозира нејзиното поранешно, долгогодишно момче, раперот Mек Милер, за што странските медиуми истакнуваат дека била “пресвртна точка” во нејзините односи со Дејвид.

Веројатно сега е време полека да почнат да ги бришат тетоважите кои ги посветија еден на друг, а последната слика на Пит од заедничкиот излез, откри дека веќе ги маскирал зајачките уши кои ги истетовирал во чест на пејачката,така што ги претворил во срце.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk