Art & Crafts

Цел ЖИВОТ КОРИСТИМЕ РЕНДЕ: Луѓето гледаат во НОВ НАЧИН на користење и се прашуваат: ЗОШТО ОВА НЕ ГО ЗНАЕВМЕ ДО СЕГА?

Рендето е неопходен „алат“ во секоја кујна, а речиси секојдневно го користиме, но се чини дека, барем според видеото што стана вирално, ние секогаш го користиме погрешно.

Всушност, на Твитер и Инстаграм се шири видеото на кое гледаме како рендето е далеку поефикасно кога се користи хоризонтално, а не вертикално!

На овој начин, храната многу полесно се ренда и имаме подобра контрола врз рендањето, а голем број корисници на социјалните мрежа признаа дека дури сега го испробаа овој трик и дека е навистина поедноставно.

– Само што го пробав ова додека спремав вечера и беше многу полесно, зошто воопшто го превртуваме рендето наопаку досега? Што? Имам 40 години и не го знаев ова – беа само некои од коментарите.

Сега, многумина “се побунија” против ова, потсетувајќи дека повеќето рендиња имаат гума на дното, што е само доказ дека е наменето за вертикална употреба.

Write A Comment