Ким Кардашијан и Канје Вест се родители на три убави деца, но познатата двојка не сака да застане таму. Како што пишуваат странските медиуми, познатата ѕвезда и нејзиниот сопруг размислуваат да добијат уште едно дете со помош на сурогат мајка.
Извор близок до семејството открил дека им останал уште еден ембрион. Што се однесува до момчето, тие имаат голема желба повторно да најдат сурогат мајка и со тоа да го надополнат нивното совршено семејство, имајќи две момчиња и две девојчиња. Сепак, ова бебе дефинитивно ќе биде последно, бидејќи Ким во едно неодамнешно интервју откри дека таа не верува дека ќе може да чува повеќе деца.
– Мојот дом и моето срце навистина се исполнети. Бебе број четири ќе биде последен. Не верувам дека би можела да издржам. Немам многу слободно време, а мислам дека е важно мама да му го посвети истото внимание како на нејзиниот сопруг така и на децата “, изјави Ким.