Мојата кујна

Чоколадна штрудла

Потребни состојки:

–          500 гр брашно

–          30 гр квасец

–          2 лажици шеќер

–          2 жолчки

–          малку сол

–          1,2 дл масло

–          3 дл млеко

За филот:

–          2 жолчки

–          80 гр шеќер

–          200 гр чоколада за готвење

–          80 гр мелени пишкоти

–          цимет

–          2 лажици рум

–          2 белки

–          1 шолја кисела павлака

Подготовка:

Во млако млеко додадете ги квасецот, шеќерот, изматените жолчки, маслото, малку сол, па постепено додавајте го брашното. Покријте го тестото со крпа. Оставете го нека стаса, а за тоа време подгответе го филот.

Изматете ги жолчките со шеќерот, па додајте ја павлаката, растопената чоколада, и смелените пишкоти, цимет и рум. Белките изматете ги во цврст снег, па додајте ги во филот. Тестото поделете го на два дела. Расукајте ја кората и од едниот крај убаво премачкајте ја со филот, па ролувајте ја кората. Истото сторете го и со другата половина од тестото. Оставете ги уште малку да нараснат, па премачкајте ги со жолчка и печете ги на 170 степени околу половина час. Откако ќе се испечат оставете ги штрудлите малку да се изладат па пресечете ги.

Write A Comment