Мојата кујна

Чоколадна торта

Потребни состојки:

300 гр брашно

50 гр какао

170 гр путер

100 гр. кафеав шеќер

1 лажица чоколаден ликер

1 лажица вода

2 јајца

За филот:

3 дл. сладок крем

100 гр темно чоколадо

2 јајца

1 кесичка од ванилин шеќер

0.25 лажица сол

Начин на подготовка:

Во блендер ставете го брашното, какаото, путерот, кафеавиот шеќер, ликерот од чоколада, водата и јајцата. Направете цврста маса и оставете ја да одстои. Направете кора и печете на 180 степени за 10 минути. Оставете кората да се олади.

Кувајте ја слатката павлака до вриење и вметнете го чоколадото и мешајте. Измешајте ги јајцата и кафеавиот шеќер со малку сол и истурете ја врз ладната кора. Ставете ја во рерна да се пече за 20 минути. Откако ќе се испече, оставете го да се олади за неколку часа.

Напиши коментар