За сите љубители на чоколадни и крем десерти.

Состојки
- 100 гр мелени бисквити
- Карамел прелив по потреба
- Црн фил
- 200 мл слатка павлака
- 150 гр чоколадо за готвење
- Бел фил
- 200 мл слатка павлака
- 100 гр рендано млечно чоколадо
Подготовка
На дното на десертната чаша ставете 1-2 лажички мелени бисквити и прелејте со карамел прелив.
Црн фил: Загрејте ја слатката павлака на тивок оган, но внимавајте да не зоврие, отстранете ја од оганот и додадете искршено чоколадо за готвење и мешајте додека чоколадото не се растопи и не добиете изедначена смеса.
Оставете го филот во фрижидер 2-3 часа за да се затегне, а потоа стегнатиот фил изматете го со миксер. Ставете го црниот фил врз бисквитите и преливот од карамел.
Бел фил: Слатката павлака изматете ја и додадете рендано млечно чоколадо и измешајте со лажица. Белиот фил ставете го над црниот фил.
По желба украсете со рендано чоколадо и карамел прелив.
