Убавина

Чудо направено од мед : 3 рецепти за мека, сјајна и здрава коса

Еден од најздравите намирници на светот  е секако медот. Сем што тој позитивно делува на нашето тело, исто така делува и на нашата кожа, но и коса.  Доколку сакате косата да ја нахраните на природен начин сами направете си маска, шампон и регенератор за коса од мед.

Благодетите на медот се познати од памтивек. Освен што се користел за прехрана се користел и за медицински потреби. Во последно време овој супер продукт доби уште поширока примена односно се користи за козметички потреби како за кожата така и за нашата коса.
Имено, медот има многу моќни својства за кожата и за косата. Освен што делува антибактериски и против воспалително и со тоа го штити коренот на косата, медот ја задржува и влагата т.е хидратизира и ги храни вашите влакна со што косата станува појака и посјајна.
Ако сакате овој златен продукт да го пробате на својата коса, ви носиме три едноставни рецепти кои можете да ги комбинирате по желба.

Маска за коса

– Пред миење косата намачкајте ја со мед.
– Фатете го медот со прстите и почнете да го втривате во косата од врвовите према коренот.
– Оставете да делува околу половина час и потоа измијте ја косата на вообичаен начин.

Шампон за коса

– Во чаша измешајте еден децилитар вода и една до две лажици мед.
– Добро измешајте го се додека медот и водата не се поврзат.
– Мешавината постепено полевајте ја на главата и нежно тријте ја косата почнувајќи од темето па се до врвовите, како да миете коса со обичен шампон.
– Косата измијте ја со млака вода.

Регенератор за коса

Состојки :
– 1 зрело авокадо
– 2 до 3 лажици мед
– 2 до 3 лажици маслиново масло

Подготовка :

1. Авокадото излупете го и во сад изгмечете го додека не стане како каша.
2. Додадете го медот и малсиновото масло и со рачен миксер или мал блендер добро измешајте ги сите состојки додека не се поврзат меѓусебно во мазна смеса.
3. Мешавината нанесете ја на косата и оставете да делува од 30 до 60 минути. Косата можете да ја покриете со најлонска кеса.
4. Измијте ја косата на вообичаен начин.

Напиши коментар