Жените кога дознаваат дека ќе добијат ќерка, обично мислат дека, имајќи предвид дека и самите некогаш биле девојчиња, знаат што можат да очекуваат, но вистинате е дека вашата ќерка ќе има неколку изненадувања за вас. Покрај неуморното зборување и розева боја секаде наоколу, ќерките се еден посебен. Еве како изгледа одгледувањето на вашата мала принцеза.
Таа е можеби поженствена од вас
Иако можеби сте вложиле многу труд да ја научите за родовата рамноправност, сте и купувале и машки играчки, немојте да се изненадите ако таа развие страст кон принцезите, барбиките и балетот. Колку и да се борите со стереотипите, општеството во комбинација со презастапениот маркетинг, ќе имаат силно влијание врз нејзиното растење.
Нејзината желба за штикли и шминки ќе се појави штом прооди
Вашата принцезичка ќе биде преслатка носејќи ги низ соба вашите штикли. Уживајте во овие моменти, затоа што за многу скоро време навистина ќе ви ги позајми.
Може ќе бидете малку љубоморни на татината маза
Иако можеби по природа не сте љубоморни, ќе се изненадите кога ќе ја почувствувате, а тоа би можело да се случи кога ќе сфатите дека не сте единствената жена во животот на партнерот.
Ќе ги цените нивните игри, приказни и силна поврзаност, но некогаш нема да ви биде пријатно да бидете изоставени. И привиот пат кога вашата ќерка ќе побара поддршка кај нејзиниот татко, тоа ќе биде по малку болно сознание за вас. Но, запомнете, нејзиното срце е преполно со љубов за сите. Вие исто така имате време и активности кои ги делите со неа, кои најверојатно ќе бидат мистериозни за таткото.
Девојчињата созреваат порано од момчињата
Вашата ќерка ќе почне да трча, додека синот на вашата пријателка уште лази. Немојте да бидете изненадени ако таа многу побрзо напредува отколку момчињата на иста возраст.
Таа ја бира облеката
Некаде околу третата година таа може да почне да појавува желби поврзани со облеката, па така може ќе одбива да носи панталони, може ќе сака облеката да ја носи наопаку, па дури и да облече костим за капење над џемперот. Колку поскоро сфатите дека тоа не е толку битно, ќе ви биде полесно.
Таа ќе собира и ќе чува сѐ
Шнолички, боички, шишенца, кутивчиња, копчиња, мртви бубачки. Сето она што може да го стави во џеб и да го земе со себе. Навикнете се да ги наоѓате овие работи по дома.
Таа е можеби роден манипулатор
Мајките кои имаат деца од двата пола, тврдат дека нивните девојчиња знаат како да го добијат тоа што го сакаат.
