Интернетот е опасен за децата и не треба да им биде дозволено да сурфаат – постојат цел низ истражувања за опасноста односно безопасноста од Интернет.
Додека порано родителите се прашуваа колку долго да го остават детето да си игра на улица, сега се прашуваат колку време да му дозволат да сурфа на интернет и да користи социјални мрежи.
Ако мислите дека на децата треба да им биде забранет интернетот, тогаш ги малтретирате – тврдат група психолози предводени од Елис Кешмор. Таа, заедно со научници од Универзитетот Тесиде, интервјуирале 2.000 луѓе за да соберат информации за тоа како и колку Интернетот треба да користат.
Заклучокот на истражувањето беше дека стравот од интернет и сè што нуди модерната технологија е преувеличено и дека постојат бројни предности – едукативни и социолошки, кои ние им ги скратуваме на децата доколку го забраниме интернетот.
“Замислете дека родителите им забрануваат на децата да читаат, гледаат телевизија, да разговараат со други деца,да играат едукативни игри … Децата денес прават такви работи користејќи технологија. Ако родителите ги спречуваат децата од овие активности, можете да ги обвините за малтретирање “, објаснува Кешмор.
“Екраните се дел од нивната реалност. Да им се скрати можноста да растат со нив е вистинско малтретирање “, додава Кешмор.