← НАЗАД НА БОЗА

Дали вашето дете е лош ученик? Има многу причини, а една е СИГУРНА

Дали вашето дете е лош ученик? Има многу причини, а една е СИГУРНА
150 Читања

Кај родителите или старателите владеат различни мислења за тоа како нивните деца учат во училиште, дали внимаваат на часовите и генерално какви се во училиштето и што се може да влијае врз тоа да учат подобро.

Ваквите мислења и прашања, генерално, не се загрижувачки кај малите деца кои само што тргнале на училиште, но кај постарите деца (тинејџери) овие прашања имаат во себе доза на загриженост, бидејќи формирањето на личноста и навиките на однесување и учење тогаш го достигнуваат врвот.

Новите истражувања од Холандија носат информации дека кај момчињата постои поголемо внимание на часовите, доколку во класот се присутни и девојчињата, но тоа не е само поради тоа како изгледаат девојчињата.

Истражувањето покажува дека момчињата имаат подобри оценки отколку девојчињата кога се помалку во класот. Истражувањето ги анализираше резултатите од тестовите на повеќе од 200.000 петнаесетгодишни деца од повеќе од 8.000 средни училишта. Резултатите покажаа дека момчињата учат многу подобро во училиштата каде што девојчињата се мнозинство.

Поголем број на девојчиња ја прават животната средина попродуктивна за учење, па затоа момчињата се адаптираат на такво опкружување, според истражувањето. Истражувањето затоа покажува дека проблемите со учењето во училиштата, претежно кај момчињата, можат да се надминат преку обезбедување урамнотежена полова распределба низ училиштата.

Според истражувањето, девојчињата имаат поголема мотивација да добијат добри оценки, како и подобра концентрација на часовите во споредба со момчињата.

Поради ова, на момчињата им останува, како што покажуваат податоците, само за да се прилагодат на дадената околина.

Ова докажува дека најдобри се “мешаните паралелки”, не само поради социјализација, туку и поради мотивација да се докажат и стекнувањето на нови знаења.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk