Cafe Del Mar

Дали зелениот чај навистина помага во текот на слабеењето

Ако некогаш сте побарале природен метод за слабеење, освен промените во исхраната и редовното вежбање, многу често се споменува една намирница, а тоа е зелениот чај.

Нутриционистката Маја Фелер открива дали пиењето на зелениот чај помага во губење на килограмите.

“Во експеримент спроведен врз животните се покажало дека оние кои биле хранети со голема количина на масти и шеќери и конзумирале зелен чај, ја намалиле телесната тежина во однос на оние кои не конзумирале зелен чај” – објаснува нутриционистката.

Иако ова звучи ветувачки, Фелер открива дека преку истражување направено врз луѓето, истата метода не покажала видни резултати. “Сепак, ако уживате во вкусот на зеленот чај, нема причина да престанете да го пиете, бидејќи има многу други предности за здравјето” – вели таа.

За смалување на телесната тежина, нутриционистката советува да се јаде минимално обработена храна, да внесувате помалку калории отколку што трошите и да започнете со вежбање.

 

 

Напиши коментар