Дестинации

Дали знаете каде се наоѓа најшарената улица на светот?

Најубавата, најшарената улица која некогаш ќе ја видите се наоѓа во населбата La boca во Буенос Аирес и се вика El Caminito.

Таму ќе видите голем број улични продавачи кои продаваат најневеројатни нешта, домашни уметници кои цртаат, пеат и играат на средината на улицата.

Оваа улица ги украла срцата на туристите, а поради совршените мурали, се смета за уметничко дело.

Претходно, оваа област било сиромашно соседство. Во него живееле сиромашни работници кои работеле во бродоградилиштата. Тие сакале да имаат убав поглед на нивната населба и затоа ја обоиле вака. Боеле во било која боја, бидејќи тоа им било поевтино.

https://www.instagram.com/p/BneFmubjSnv/?utm_source=ig_embed

Зарем ова место не изгледа како рај на земјата?

Напиши коментар