Motherhood

Децата и нивната љубопитност за сопственото тело

Децата уште на предучилишна возраст развиваат интерес кон запознавање на сопственото тело, вклучувајки ги и интимните делови. Многу родители се загрижени кога ќе забележат дека нивното дете ги допира своите интимни делови (на пример при промена на пелените или при капење) или пак кога нивнито синче има чести ерекции.

Родителите треба да сфатат дека нема потреба да бидат загрижени, бидејки станува збор за нешто сосема нормално, дури и најмалите деца се природно љубопитни, сакаат да го истражуваат своето тело и уживаат кога се голи.

Реакцијата на родителите на оваа љубопитност (гласот кој го користите, изразот на лицето…) претставува една од основите на кои детето ќе го темели својот сексуален развој низ животот. Затоа настојувајте да НЕ реагирате загрижено, налутено, изненадено, обвинувачки, не критизирајте или не постапувајте со неодобрување кон неговиот интерес.

Доколку забележите дека детето ги допира своите интимни делови, никако немојте да го карате или да го навредувате, бидејки така ќе му го поттикнете чувството на вина и срам. Доколку забележите дека вашето дете кое е на предучилишна возраст се допира себеси во присуство на други деца, укажете му дека допирањето на приватните делови во јавност е непристојно, но не и кога е само. Запомнете дека вашето дете треба да научи дека љубопитноста за своето тело е сосема природна појава и неопходен дел од животот.

Write A Comment