
Во денешно време на телевизија, интернет, компјутерски и Playstation игри, детето поголемиот дел од своето слободно време и го посветува на електронската забава и хоби, спортот и дружењето со пријателите и семејството ги става во втор план.
Неспорен е фактот дека медиумите играат голема улога во животот на децата, а можеби најмногу интернетот кој што е брз и лесно достапен за сите, и она што го прави привлечен е фактот дека тој ви овозможува да остварите двонасочна комуникација.
Медиумите се оние кои треба да едуцираат и образуваат, а не да бидат глуви за одредени предмети и правила, поради тоа средствата за комуникација претставуваат предизвик за образованието.
Се покажа дека гледањето насилство на телевизија е повеќе поврзано со агресијата кај децата отколку насилните видео-игри на компјутер, бидејќи децата сцените на телевизија ги доживуваат пореално, додека кај игрите полесно ја делат играта од реалноста.
Телевизијата го осиромашува чувството на заедница. Колку повеќе деца и возрасни гледаат телевизија, имаат помалку доверба едни во други и постои помала веројатност да учествуваат во организирани активности надвор од домот.
Децата стануваат зависници од телевизија веќе околу третата година и тоа најчесто по вина на родителите кои немаат или не наоѓаат доволно време да се грижат за децата и да поминуваат квалитетно време со нив, туку ги смируваат со телевизија. На овој начин, родителите свесно или несвесно имаат активна улога во нарушувањето на физичкото и менталното здравје на своето дете.