← НАЗАД НА БОЗА

Децата – Светлина во нашиот живот!

Децата – Светлина во нашиот живот!
222 Читања

Треба да му дозволите на детето да расте со брзина која нему му одговара. Многу родители прават ужасна грешка пробувајќи да го наметнат чекорот во растењето.

Децата се мудри. На љубов ќе ви одговорат со љубов, а на омраза со омраза.

Од детето не треба да барате да се соочува со одговорноста за која не е спремно, ниту пак треба да го оптеретувате со одлуки за чие донесување сеуште не е доволно возрасно.

Сите идеали на светот не вредат за солзите на едно дете.

Многу работи можат да чекаат, но децата не можат. Ним не можеме да им одговориме “утре”, тие бараат “денес”.

Најголемиот човек секогаш останува дете.

Ништо значајно не може да направи таткото за своите деца, освен тоа да ја сака нивната мајка.

Детето е книга од која читаме и која би требало да ја напишеме.

Ги поднесуваме грешките на своите пријатели, па зошто тогаш не би ги поднеле и грешките на своите сопствени деца.

Децата се огледало на родителите.

Детскиот живот е како парче хартија на кое секој остава белешка.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk