Motherhood

Денес породувањето трае 2 и пол часа подолго од пред 50 години !

Жените кои го раѓаат по прв пат во просек се 4 и пол години постари отколку жените пред 50 години, тврдат научниците од Американскиот институт за здравје и развој на децата.

Во истражувањето биле споредени статистички податоци од 39.491 породување на прво дете во период од 1959 до 1966 со статистичките податоци за прво породување на 98.359 жени во период од 2002 до 2011 година.

Истите тие податоци недвосмислено покажуваат дека, денес првото породување трае 2 и пол часа подолго во однос на првото породување кај жените пред 50 години.

Исто така жените кои денес за прв пат се породуваат се потешки од жените пред 50 години. Имено индексот на телесната тежина денес е 29.9 а во шеесеттите години тој индекс изнесувал 26,3.

И уште еден неверојатен податок е што денес при првото породување 80 проценти од жените примаат епидурална анестезија за разлика од 4 проценти пред 50 години, имајќи го фактот што смртноста на новороденчињата во 50 години е за 2 проценти помала од смртноста на новородените бебиња денес.

Причината за овие резултати лежи во желбата да се стане мајка на постари години кога породувањето е многу поризично и за мајката и за бебето, истакнуваат истражувачите.

Write A Comment