Една од најслатките асоцијации за летно време е кокосот. Неговиот освежителен вкус и летен мирис го прават уште поубав. Кокосовиот вкус често е омилен вкус за многумина кога станува збор за благи. Затоа за овој викенд предлагаме десерти со многу кокос, Баунти коцки.
Состојки:
– 300гр бисквити
– 75гр + 2 лажички кокосово масло
– 200гр кокос
– 3 лажички мед
– 70гр + 10гр шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
– 400мл кокосово млеко
– 100гр темно чоколадо
– 50мл оризова вода
Подготовка:
За основата измешајте ги бисквитот со 75 грама стопено кокосово масло и 3 лажички мед. Наредете ги во калап, а потоа нежно и рамномерно притискајте го. Ставете го во замрзнувачот 30 минути.
За кремот, измешајте го ситно сецкан кокос, ванилиниот шеќер, 70 гр шеќер, кокосово млеко, лажичка од кокосово масло и варете на послаб оган. Кога текстурата ќе стане густа, тргнете го садот од оган и рамномерно нанесете на површината на подлогата.
За преливот, растворете ја чоколадата на послаб оган заедно со оризовата вода, ставете лажица кокосово масло и 10 гр шеќер. Пелијте преку филот од кокос. Оставете да се излади.
Исечете коцки и уживајте!