Овој освежителен летен десерт сигурно ќе ви се допадне доколку сте љубител на чизкејк. Колачот со јогурт и малини е вкусен а и многу лесен за подготовка.
Состојки:
– 60мл грчки јогурт
– 120гр шеќер во прав
– 1 ванилин шеќер
– желатин
– две благи павлаки за шлаг
– 500 гр малини
Подготовка:
Изматете ги јогуртот и шеќерот. Сварете го желатинот според упатството и додајте го во јогурт. Со миксер изматете го шлагот, додајте го во претходно направен фил со јогурт и добро измешајте.
Во калапот во кој сакате наредете мги малините, прелијте ги со филот и оставете го да преночи во ладилникот.
Совет:
Малините можете да ги наредите и на класична подлога за чизкејк пред да ги полиете со филот. За подлогата ќе ви требаат:
– 125g растопен путер
– 250гр бисквити
– 2 лажички кафеав шеќер
Бисквитите измелете ги и измешајте ги со цимет па додадете го измешаниот масло. Smesu ставете во калап и печете од 3 до 5 мин на 180 степени