Motherhood

Десет знаци дека сте СУПЕР- МАЈКА !

Супер- мајките секојдневно вешто „жонглираат“ со илјада обврски, непредвидливи ситуации и неверојатни барања од нивните најмили…

Ако можете да се пронајдете барем во дел од содржината на овој текст…Вие сте СУПЕР МАЈКА!

1. Ваше мото е: „ Земи или остави“ – Ако Вашите деца не си играат со играчките, или ги фрлате или ги поклонувате.

2. Вие сте Божица на организацијата  –  Сите детски играчки треба да бидат сместени во прецизно означени кутии, торби, фиоки, прегради, во суштина, не сакате секој дел од Вашиот животен простор да биде окупиран со ненормални количини нивните играчки.

3. Вашето средно име е multi- tasking –  Не е доволно само да направите вечера. Ако не можете да ја испразните машината за миење садови додека ги менувате пелените и одговарате на пораката на Вашиот iPhone- тогаш…што да направите?

4.Вашите деца се Ваши војници – Имате развиено дневна рутина. Едноставно, шаблонот кој им го имате наметнато уште додека биле бебиња, го применувате сé додека не тргнат на училиште. Се будат во исто време, јадат во исто време, одмараат во исто време и заспиваат во исто време. Секој ден, без преговори и префрлања.  Добро, сепак мора малку да ги подмитувате…

5. Вие не сте мајка- номад – Носите една уредно спакувана торба за пелени и сите други потребни работи, а не четири со различни работи. Вие знаете дека не се потребни 16 различни грицкалки, 4 фустанчиња и 3 пара фармерки на игралиштето.

6. Вашиот сопруг Ви помага околу децата – Внимание…Мажите треба да се приклучат во играта таканаречена…одгледување на деца. Она што најмалку сопругот може да го направи е да изгледа живо. Мажите треба да бидат тренирани баш како и децата. Не е во ред да пренесете дел од работата околу дечињата, знајте дека и тоа е дел од моќта на една супер- мајка.

7.Очекувате да Ви ги почитуваат плановите и програмите – Вие всушност имате детален план кој сте го напишале, сте го испечатиле и сте го поделиле на бабите, дедовците и дадилките кои можеби и не разбираат како Вие сакате некои работи да бидат направени.

8. Не изгледате како бескуќник – Мајчинството не е причина да ја игнорирате Вашата лична хигиена и убав изглед. Веројатно не уживате во долги топли бањи секој ден, но тоа не е причина да бидете повлакнести од мајмун и да не ги лакирате ноктите од време на време.

9.Вашето дете спие по цела ноќ, без прекин – Честитаме ! Она што треба да го направите и да уживате во квалитетното слободно време. Некој друг веќе  извршил тешка работа за Вас. Само потрудете се да следите едно важно правило, нема заедничко спиење додека не наполнат барем 25. Тоа не е слатко, ни забавно, но сигурно нема да дозволите да Ве намами во собата со некоја од очигледните тактики како „ Ме боли косата“.

10. Знаете дека сте подобра од другите – Нормално, свеста дека сте супер- мајка прави да се чувствувате одлично, а тешко е да не дозволите Вашиот натпреварувачки инстинкт да преземе контрола. Но, правиот показател дека сте „ подобри “ е дека претежно, сé имате сведено на научна основа. На мајките им треба систем и помош од другите, што едноставно, ќе им го олесни животот, а Вие како супер мајка, сигурно тоа го знаете.

Write A Comment