Motherhood

ДЕВЕТ заборавени МАНИРИ на кои секој родител треба да го научи детето

Дали имате впечаток дека децата денес се поинаку воспитувани?

На многумина им се чини дека децата денес се поинаку воспитани и дека некои од манирите што ги научиле претходните генерации се едноставно искоренети и на новите генерации родителите немаат што да им пренесат.

Како што поминуваат годините, ни се чини дека се помалку манири и норми на однесување што ги имавме им останаа за наследство на помладите генерации. Ова се само некои од заборавените манири на кои родителите веќе долго време не ги учат своите деца.

Јадете со затворена уста

Некои од нас веќе ја имаат нивната баба пред очите како вика на глас дека со полна уста не се зборува. Можеби на детето му е природно да џвака со отворена уста, но затоа родителите се тие кои треба да го научат дека тоа не е убаво и да го корегираат тоа однесување.

Никогаш “извини”

Постојат многу ситуации во кои можете да се најдете и да направите нешто што не е во ред. Ако наидете на некого во поминување и случајно го удрите или згазнете, не заборавајте да се извините.

Отворање на вратата

Важно е не само да ги учат децата да отвораат врата за некого, туку и да се свртат и да видат дали некој доаѓа позади нив и дали треба да ја задржат вратата.

Не зборувајте со полна уста

Ова оди заедно со џвакањето со затворена уста. Прво соџвакајте ја и проголтајте ја храната, а потоа зборувајте. Инаку, многумина ќе сметаат дека сте некултурни.

Ставете ја салфетката во скутот

Слушајте ги вашите родители и држете ја салфетка во скутот каде што ќе биде на дофат на вашите раце, кога ќе треба да ја избришете устата или рацете.

Лактовите на масата

На лактовите, телефонот, играчките – не им е место на масата!

Извинете се ако станете од масата

Ова се манири што се применуваат на масата додека се јаде. Извинете се ако станете од масата кога ќе го завршите оброкот, а останатите сеуште јадат.

Собујте се кога ќе влезете во нечиј дом

Иако вашиот домаќин не ве замолил, би било убаво кога ќе влезете во нечиј стан да се собуете. Научете ги и вашите деца да прават така.

Кажете “молам” и “благодарам”

Еден од најчесто заборавените манири е да се каже “молам” кога сакаме нешто и “благодарам” кога ќе го добиеме. Научете ги децата почесто да велат “ве молам” и “благодарам”.

Write A Comment