← НАЗАД НА БОЗА

Диета од истокот: Кинеско мени кое топи килограми, масни наслаги и го чисти организмот

Диета од истокот: Кинеско мени кое топи килограми, масни наслаги и го чисти организмот
130 Читања

Исхраната се базира на свеж зеленчук, овошје, ориз, ржан леб и риби …

Ефикасноста и разноликоста на менито направија кинеската диета да стане популарна во целиот свет. Менито во овој режим подразбира многу течности, како што се минерална вода, зелен чај и свежи овошни сокови. Овие напитоци ќе го исчистат телото од натрупаните штетни материи и ќе ги обезбедат потребните витамини и антиоксиданси.

Во текот на диетата исхраната ќе биде базирана на свеж зеленчук, овошје, ориз, ржан леб и риби. Менито е составено во согласност со принципите на избалансирана исхрана.

Секое утро во текот на овој период пред појадокот треба да се напиете 400 мл вода, која била зовриена, а потоа изладена на температура на која што може да се пие. За да ви овозможи да ги исчистите цревата, да ги забрзате метаболичките процеси и да го регулирате варењето.

Треба да ги исфрлите од исхраната слатките и производите од брашно, животинска маст, алкохол, кафе, преголем внес на сол и зачини.

 

Прв ден

Појадок: 150 грама свежа зелка, 200 мл минерална вода.

Ручек: четири лажици варен ориз, 150 гр. салата од рандани моркови и маслиново масло, 200 мл минерална вода.

Вечера: 150 гр. варена риба, мало парче ржан леб, неколку листови зелена салата, 200 мл зелен чај.

Втор ден

Појадок: 150 гр. салата од моркови со маслиново масло, тост ржан леб, 200 мл минерална вода.

Ручек: 200 гр. салат од моркови, зелка, зелена салата, целер, парче ржан леб, 200 мл свежо исцеден сок од јаболко без шеќер.

Вечера: 100 гр. варен ориз, листови зелена салата, половина грејпфрут, 200 мл минерална вода.

Трет ден

Појадок: 200 гр. салата од јаболко, крушка, портокал, банана, 200 мл свежо исцеден сок од портокал без шеќер.

Ручек: 250 грама варени аспарагуси, 150 грама зелка салата со сок од лимон, парче ржан леб, 200 мл минерална вода.

Вечера: 250 гр. пржени печурки (без уља), мал варен компир, 200 мл минерална вода.

Четврти ден

Појадок: јаболко, портокал, ржан тост, 200 мл свежо исцеден сок од портокал без шеќер.

Ручек: 300 гр. варен аспарагус со ориз и босилек, јаболко, парче ржан леб, 200 мл минерална вода.

Вечера: 200 гр. варена риба, два мали варени компири, парче ржан леб, 200 мл зелен чај.

Петти ден

Појадок: 150 гр. оризова каша варена во вода, 200 мл минерална вода.

Ручек: 200 гр. салата од зелка, парче ржан леб, 200 мл минерална вода.

Вечера: 200 гр. салата од зелка, морков, зелена салата и маслиново масло, парче ржан леб, 200 мл минерална вода.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk